Со своето дете разговарајте за неговите другарчиња од градинката или од маалото каде живеете, нека ви каже како се викаат како тие се викаат.
Категорија: <span>Активности 4-6</span>
ВОЛШЕБНО ОГЛЕДАЛО
Преку разговор поттикнете го своето дете да ви ги каже основните податоци за себе: име, пол, возраст... Да се опише како изгледа: каква боја на очите има, каква коса, каква облека носи...
ПЕСНА – ВЕЖБАЊЕ
Со детето започнете разговор и побарајте да ви опише која игра му е најомилена кога игра надвор со своите другарчиња. Објаснете му на детето колку е битна играта и дружењето како и престојот на воздух.
ЛЕТАЛА
Со децата ќе разговараме за леталата, какви летала има, за што служат, од што се направени. Ќе им покажеме и илустрации од истите.
ПРАВИМЕ СЛАДОЛЕД
Денес детето нека направи само свој сладолед од хартија и памук. Прво исечете триаголно парче од хартијата и обојте го во кафеава боја, а потоа помогнете му на детето да ја свитка хартијата како корнет.
ПРАСКА
Разговарајте со Вашето детето за овошјето кое зрее во лето, акцент ставете на праската, каде расте , на што расте , нејзините особини (изглед, форма, боја, вкус).Разговарајте за начинот на консумирање на истата, свежа, во сок, компот...
ПЕЧАТЕЊЕ НА ЛУБЕНИЦА
Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта. Направете го запознавањето на сезонското овошје на забавен начин и поттикнете го истражувањето и љубопитноста на детето.
ЛЕТНО ОВОШЈЕ
Направете го запознавањето со овошни плодови на забавен начин , поттикнувајќи го истражувачкиот дух и љубопитност кај децата. Со децата разгледувате разновидни сликовници , детски списанија „Росица„, и паралелно водете разговор ...
Инсекти
Со децата разговараме што се тоа инсекти? Кои инсекти ги познаваат, видови?
(пеперутка, оса, пчела, мравка, светулка, комарец, мува, Буба Мара). Како изгледаат, да ги опишат?
ТЕАТАРЧЕ ОД ДРВЕНИ КУКЛИ
Заедно со Вашите дечиња можете да направите најразлични кукли од дрвени лажици ( Лажиците се обоени со темперни бои и нацртани со фломастер, на кој им дадовме живост од ликовите на приказните.)









