Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ЛЕТНО ОВОШЈЕ
Цели на оваа активност се:
- Запознавање, препознавање, именување на овошни плодови (опис, боја, вкус, форма).
- Запознавање со овошна градина, место каде расте овошјето (дрво, грмушка , земја.
- Корист од овошјето/витамини, начинот на негово конзумирање, свежо, компот, слатко, сок
- Развој на фината моторика на дланката кај децата.
- Развивање на креативноста и фантазијата во секојдневните активности .
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Пластелин во неколку бои
- Темперни бои
- Циклостл
- Лимон
- Ликовен прибор
- Детски сликовници и списанија
Во овој период од развој на децата, почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.
Направете го запознавањето со овошни плодови на забавен начин , поттикнувајќи го истражувачкиот дух и љубопитност кај децата. Со децата разгледувате разновидни сликовници , детски списанија „Росица“, и паралелно водете разговор со детето и поттикнете го да ви дава точни одговори на вашите прашања преку целосно формулирани реченици.
- Каде е праската?
- Покажи ми ја?
- Како ја препозна?
- Каде расте малината?
- Опиши ми ја малината?
Откако ќе завршиме со разговорот и разгледувањето на детските списанија и сликовници, обидете се заедно со вашето дете да изработите овошје од пластелин.

Издвојуваме парчиња пластелин во одредени бои –црвена, жолта, сина, кафеава.

Кога ќе ја добиеме бараната форма на овошјето, правиме дршки на овошјето.
Доколку сте во можност продолжете ја активноста си цртање на овошје по избор на децата со ликовна техника по избор.

По завршувањето на овие активности понудете му на Вашето дете да печати со овошјето кое ви се наоѓа доама(лимон, прака, кајсија и др).
Ставете боја по избор во еден сад, овошјето кое ќе ви послужи за печат исечете го на пола.Едната половина од овошјето се става во боја и внимателно се печати на бел лист хартија повеќе пати, секој пат се добива интересна форма(отисок)
Во прилог следат слики од понудената активност „Печатење со овошје„
Со помош на овие активности се развива љубопитноста и креативноста кај детето. Како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.
Се надеваме дека ви се допадна денешната активност, а Вашето дете стекна сознанија за овошјето кое зрее во лето.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.







