Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ЛЕТАЛА
Цели на оваа активност се:
- Запознавање на децата со видовите летала,нивната намена и изработка на истите.
- Развивање и усовршување на фаќање и фрлање,движење и следење,развој на моториката.
- Развивање на смисол за обликување на хартија и други видови материјали.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Серија слики
- хартија, или листови во боја
- лепак, селотејп
- ножички
- дрвени стапчиња
- врвка.
Со децата ќе разговараме за леталата, какви летала има, за што служат, од што се направени. Ќе им покажеме и илустрации од истите.

Авиони-за превоз на патници и товарни.

Хелихоптери- за спасување, воени, полициски.

Воздушни балони- за забава.

Змејови- за забава и игра на деца и возрасни.

Преку серија слики, ќе ги запознаеме дечињата со приказната:
“Змејот на Сара”

Сара многу сакаше да лета змејови.
Леталата пак сакаа да го поминат времето со Сара.
Омиленото летало на Сара сакаше да ја направи неа среќна и затоа постојано ги менуваше боите.

Кога Сара се смееше нејзиното летало имаше виолетова боја а кога беше лута, нејзиното летало имаше црвена боја.
Кога Сара ќе се замислеше, нејзиното летало стануваше сино или жолто.

Еден ден леталото на Сара летна многу високо.
Сара силно викна по него: “Летај уште повисоко, уште повисоко“.

Леталото високо леташе во небото поминувајки помеѓу облаците.

На патот за назад, змејот зеде сладолед направен од ладните облаци и и го подари на Сара.

Сара беше многу среќна и му рече: “Ти си мојот омилен змеј“.
К Р А Ј
Активноста може да ја надополните и со изработка на летало.
Постапката на изработка може да ја проследите на следниов линк:
https://www.pinterest.com/pin/49258189661672092/
Со реализација на оваа активност ќе помогнеме детето да добие појасна слика за леталата и нивната намена и да помине интересно и забавно време со вас родителите.