УКРАСИ ЗА РАЦЕ

УКРАСИ ЗА РАЦЕ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

УКРАСИ ЗА РАЦЕ

Цели на оваа активност се:

  • Развој на фината моторика кај децата преку манипулација со ситни предмети.
  • Одржување на истрајност во преземените активности кај децата.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • селотејп
  • цветчиња
  • ножици.

За оваа активност драги родители секако ни е неопходна и вашата помош.

Најпрвин со децата започнете краток разговор за тоа дали знаат што се украси за раце, кои украси за раце ги знаат (разни алки, прстенчиња), од што се прават од какви материјали, каде се продаваат и дали и вие самите можете да направите некои украси за раце од материјали кои ни се наоѓаат по дома.

Потоа се преминува на главната активност изработка на украси за раце-алки од материјали кои ни се наоѓаат по дома.

На сликите се прикажани потребните материјали и начинот на изработка на овој вид на алка.

Заедно со вашите деца треба да се одлепи лента од селотејп во должина на обемот на раката на детето. Лепливиот слој на селотејпот треба да е свртен на надворешнта страна а потоа се лепат ситни ливчиња и цветчиња кои можеме да ги најдеме во дворовите и парковите.

Со помош на оваа активност децата научија дека преку манипулација и постојано осознавање на разните материјали од околината ја развиваме нашата иновативност и креативност. Исто така се јакнат и упорноста, истрајноста и одржувањето на вниманието кај децата.

Во прилог и други идеи за изработка на украси за раце од хартија и монистриꓽ

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА