ВРЗ ОСНОВА НА ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ПО УКИНУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
П Р О Т О К О Л
ЗА РАБОТА НА ЛИЦА ЗАДОЛЖЕНИ ЗА МЕРЕЊЕ ТЕМПЕРАТУРА
1. Секој вработен да носи задолжително лична заштитна опрема (маска, визир и ракавици) кога е на работното место;
2. При влегување на вработените во установата задолжително да се измери температура со без контактен термометар и да се запишат добиените резултати во претходно изготвена табела;
3. По завршување на мерењето термометарот да се дезинфицира и да се спакува во кутија до следно користење;
4. Забрането користење на мобилен телефон за време на работа. При доаѓање на работно место во објектот вработениот е должен да го стави на нечујно својот мобилен телефон и да го остави во својата чанта. Доколку е потребно истиот може да го користи само за време на пауза;
5. Секој вработен има обврска да го следи сопственото здравје и при било какви симптоми на болест да го извести одговорниот воспитувач и директорот и ако во тој момент е на работното место веднаш да го напушти;
6. Да се одржува физичка дистанца на работното место и вон него;
7. Забрането е собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории, а за време на пауза да се почитува пропишаната физичка дистанца и да се избегнува контакт со лица од други воспитни групи;
8. При прием на децата задолжително мерење на температура со без контактен термометар и добиените резултати да се запишат во претходно изготвена табела;
9. Доколку при прием детето има повишена телесна температура да се не се прима;
10. Мерење на температура на децата, освен при прием, да се врши дополнително уште два пати во текот на денот (после ручек и при испраќање) и резултатите да се запишат во претходно изготвена табела;
11. Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, да се преземе следново:
- во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) детето да се изолира во просторијата за изолација и веднаш да се извести родителот/старателот, медицинската сестра, одговорниот воспитувач и директорот.
- Се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометарот како и миење или дезинфекција на рацете;
- Да се провери здравјето на другите деца во групата и да се изолираат сите сомнителни случаи;
12. Во случај на потврда на инфекција со КOVID – 19, да не се користи местото каде што престојувалo лицето, да се извести одговорен воспитувач и директор кој ќе ја извести надлежната епидемиолошка служба во ЦЈЗ која ќе даде понатамошни насоки за функционирање на установата;
13. Да се практикува често миење на рацете со вода и сапун;
14. Секојдневно да се проверуваат и дополнуваат дозерите со дезинфекциони средства;
15. Вработените се должни при првиот прием на детето од родителот/старател, да побараат:
- Пополнета Изјава изготвена од Установата, за потребите на истата;
- Лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на детето;
- Потврда/и од самохран родител/старател или од двата родители/старатели, дека работните задачи задолжително мора/ат да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома;
16. Доколку родителите ги немаат потребните документи детето да не се прима.
ЈОУДГ „11 Октомври“, Бутел-Скопје