ПЕЧАТЕЊЕ НА ЛУБЕНИЦА

ПЕЧАТЕЊЕ НА ЛУБЕНИЦА

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ПЕЧАТЕЊЕ НА ЛУБЕНИЦА

Цели на оваа активност се:

  • Идентификување,препознавање,покажување и опишување на овошјето
  • Стекнување сознанија за ползата од овошјето
  • Развивање и јакнење на фината моторика кај децата
  • Развивање интерес за експериментирање со темперни бои

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Ликовен материјал
  • Темперни бои
  • Компир
  • Бел лист хартија
  • Слика
  • Четка
  • Фломастери

Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.Направете го запознавањето на сезонското овошје на забавен начин  и поттикнете го истражувањето и љубопитноста на детето.

Водете разговор со детето кое овошје го има во лето,кое најмногу тоа го сака,именување,опишување на овошјето лубеница, каков е нејзиниот изглед, вкус, форма, боја.

Разговарајте со Вашето дете и запознајте го со техниката за печатење.
Постапката за реализација на активноста ,,Печатење на лубеница‘‘ можете да ја погледнете на следниве слики:

Земете компир и исечете го на половина а потоа и на една четвртина

Во чинија ставете црвена темперна боја,а потоа четвртината од компирот извалкајте ја во чинијата со боја.

Потоа со печат од компирот на лист бела хартија ќе добиете облик на исечено парче од лубеница.

Откако ќе ги испечатите парчињата лубеница чекате да се исушат и со четка со темперна боја зелена од страната ја обликувате кората на лубеницата,а потоа со помош на фломастер ги цртате семките на лубеницата.

Еве и една стихотворба за Лубеница.

Лубеница сум, а личам на
Топка зелена,убава сум како
Елена,голема или мала,јас
сум десерт гала.Имам срце
црвено,благо и сочно,дека
низ него имам семки,и тоа е
точно.

Секогаш сме тука за соработка со вас и вашите деца.
Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите деца. Во интерес на вашето дете е да ги следите нашите објави.

Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца,како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.