Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
КАДЕ Е СОНЦЕТО
Цели на оваа активност се:
- Развивање на способноста за внимателно слушање и разбирање на содржината.
- Умешност да се идентификуваат главните ликови и дејствието во приказната.
- Збогатување на детскиот речник.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Серија слики,
- Слики,
- Дрвени боички,
- Фломастери,
- Восочни боички.
Најпрво водете разговор со децата за Сонцето како изгледа какво е по боја , како знаеме кога е ден а кога е ноќ, како Сонцето ни помага на нас на животните и растенијата.
Обработка на приказната “Каде е Сонцето „по серија слики, прво разгледајте ги сликите од приказната (слика 01, 02, 03, 04, 05) поттикнете ги децата да ви кажат што гледаат на тие слики.
Откако добро ќе ги разгледате сликите прочитајте им го текстот од приказната на Вашите деца.

По завршувањето на читање на приказната правете краток разговор за неа во вид на прашања и кратки одговори.
Имитирај те ги движењата и звуците на животните во приказната.
Слушање на песничката „Владо црта Сонце„
Со реализација на овие активности ќе поттикнеме кај децата да стекнуваат навика да слушаат додека им читаме, да дават одговор на соодветно прашање кое ќе им го поставиме. Со овие активности се развива и љубопитноста, посветеноста и креативноста ка децата
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности , а Вашите деца стекнаа сознанија за Сонцето, неговиот изглед и боја .
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА