Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ЗЕЛЕНЧУК
Цел на активноста
- Идентификување,
- именување и опишување на зеленчукот,
- стекнување сознанија за ползата од растенијата како и
- нивната хранливост во исхраната.
Потребен материјал:
- Сезонски зеленчук
Заедно со детето разгледајте ја сликата на која е преставен зеленчукот и поттикнете го да препознае и именува што гледа на сликата. Објаснете му дека зеленчукот е богат со хранливи материи и витамини кои се многу важни за нашиот организам и потребно е зеленчукот да е редовно застапен во нашата исхрана.
Доколку има интерес на детето покажете му ја сликата каде се сади и како се одгледува зеленчукот. Кој може да сади и одгледува зеленчук а кој може да помага (зеленчукова градина). Потенцирајте му дека е многу битно зеленчукот добро да се измие пред да се употребува.
Вклучете го вашето дете во подготовката на ручекот или пак додека правите салата. Поттикнете го детето да ви го опишува зеленчукот (боја, форма, мирис, вкус…), да споделува со вас свои размислувања за разни видови зеленчук.
На следните слики можете да му објасните на детето како расте зеленчукот и кој дел од зеленчукот се јаде, користи во исхраната.
Секогаш сме тука за соработка со вас и вашите деца.
Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите деца. Во интерес на вашето дете е да ги следите нашите објави.
Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца, како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста. Детето се стекна со знаење за празникот 11 Октомври и патрониот празник на нашата градинка.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.