За Убава Насмевка и Здрави Заби

За Убава Насмевка и Здрави Заби

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ЗА УБАВА НАСМЕВКА И ЗДРАВИ ЗАБИ

Цел на активноста

  • Стекнување на основни хигенски навики и подигнување на свесноста  кај самите дечиња за важноста на здравјето  и хигиената на забите.

Стандарди:

  • Детето може да слуша и разбира говорен јазик,
  • Детето превзема активности поврзани со лична нега и хигена,
  • Детето може да научи нови работи и стекне нови искуства.

Со добри навики за заштита на здравјето на забите треба да се почне од мали нозе. Детето треба уште од најрана воздраст да научи што е штетно за забите.
Во прилог на оваа тема ви ја доставувам приказната “Кој се има заби“.

Живееше на светот едно четкиче за заби . Имаше блескава розова дршка и густи цврсти влакна. Беше убаво, но и тажно, зошто никому не му ги чистеше забите. Еднаш рече: -Ќе побарам некои заби за да ги измијам!

Пронајде едно гребло и му рече:

-Сакаш ли да ти ги измијам забите?

-Моите заби не се чистат со четка за заби! – се насмеа греблото .

Потоа четкичето појде кај чешелот и му рече: -Сакаш ли да ти ги измијам забите?

-Моите заби не се мијат со четка за заби ! – рече чешелот.

Најпосле четкичето дојде кај еден часовник, ѕирна низ неговото стакленце и рече:

-Тркалца, тркалца, сакате ли да ви ги исчистам запчињата?

-Што? Ти ? – се вознемирија тркалцата.

– Ако ти не исчистиш, ќе не намокриш, па ќе рѓосаме и не ќе можеме да се вртиме. Тогаш часовникот ќе застане и никогаш повеќе не ќе можеме да го мери времето. А без часовник не знам што се може да се случи?…

-Што да правам? Заплака четкичето. – Никому не сум му потребно!

Тогаш кај четкичето дојде едно девојче! Го здогледа четкичето, скокна од радост и рече:
-Леле, што убаво четкиче! Токму такво ми требаше. Девојчето го зеде четкичето и го однесе во бањата. Сега четкичето живее таму. Стои во затворена чаша, заедно со пастата за заби. И секое утро со радост му ги чисти белите заби на девојчето.

Откако ќе им ја раскажете приказната одете во тоалет и демонстрирајте постапка на миење заби. Најважно е да се четкаат забите двапати дневно 2-3 минути со средно мека четка за заби, со паста што содржи флуор.

Се надевам дека ви се допадна нашата денешна активност.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.