Воден сообраќај

Воден сообраќај

 

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

Воден сообраќај

Цели на оваа активност се:

  • Реупотреба на материјали од секојдневието,
  • стекнување и проширување на знаења за воден сообраќај,
  • развивање на концентрација и координација,
  • поттикнување и изразување идеи на креативен начин.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Табла од јајца,
  • водени боици,
  • четка за боење,
  • пластични сламки,
  • листови хартија,
  • празни шишиња,
  • амбалажи,
  • сад со вода,
  • фломастери.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.

Разговарајте со децата со цел да ги поттикнете да ви одговорат за превозните средства во вода, потоа обидете се да конструирате брод или пак преку упатства на дадената слика обидете се да направите брод оригам, оставете го детето да го декорира според своја замисла и желба, преку разговор насочете го детето да ви каже каде има видено брод, што се превезува со бродот итн.

Потоа на забавен начин ќе испробате да го ставите во вода, заеднички набљудувајте ја активноста, разговарајте така што ќе го поттикнете детето да размислува, на кој начин бродот плови во водата, што ќе се случи доколку е премногу натоварен (ставете некој помал предмет во бродот), на тој начин, детето преку набљудување и игра ќе добие одговор.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА