ВОДЕН СООБРАЌАЈ (СООБРАЌАЈНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА)

ВОДЕН СООБРАЌАЈ (СООБРАЌАЈНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА)

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ВОДЕН СООБРАЌАЈ (СООБРАЌАЈНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА)

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање, именување и препознавање на сообраќајни превозни средства на вода и кои управува со нив.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Бели листови,
  • дрвени боички,
  • водени бои,
  • четки,
  • картон,
  • хартија во боја,
  • лепак,
  • пластични цевки,
  • ножички.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.

Заедно со децата разгледајте ги дадените слики за сообраќајни превозни средства на вода , поттикнете го детето да ги именува превозните средства, да каже по што се движат и кои управува со нив.

Поттикнете го вашето дете самостојно да нацрта и обои водено превозно средство.

Поттикнете го детето самостојно со четка и водени бои да ја обои површината на бел лист (сина боја) – бранови.

Заедно со детето од хартија , картон или некој друг материјал направете водено превозно средство (брод, чамец)

Бродот или чамецот со лепак го аплицирате на претходно обоените бранови.

На сликите имате уште неколку идеи за изработки.

Предлог игри: Се фаќате за раце и имитирате движење на бранови,
Во пар седете со свиткани колена еден спроти друг фатени за раце, се движете напред-назад, имитирате движење на чамец.

 

Со реализација на оваа активност ја поттикнуваме креативноста кај детето, детето стекнува и ги проширува своите сознанија за воден сообраќај.