„ВОДА“ НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ И СВОЈСТВА

„ВОДА“ НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ И СВОЈСТВА

Врз основа на програмата за ран детски развој, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

„ВОДА“ НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ И СВОЈСТВА

Цели на оваа активност се:

  • Усвојување на елементарни спознанија за водата,
  • Развој на сезорно-перцептивните искуства,
  • Поттикнување на детето за формирање почетни сознанија претстави низ практични активности.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Илустрации,
  • Пластични чаши/стаклени садови,
  • Вода обична и врела,
  • Сол,
  • Бибер,
  • Шеќер,
  • Вреќичка чај,
  • Коцки мраз.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 2 до 3 години.

Активноста ја започнуваме со разговор за водата која е најбитен елемент во природата и во животот на целиот растителен и животински свет.

Што е вода?

За што ни служи водата?

Родителите водени од поставените илустрации ќе ги насочуваат децата кон одговорите со нивно надополнување.

Од прикажаните илустрации може да се заклучи дека Водата ни служи за:

1. Пиење

2. Одржување на личната хигиена (миeње на лицето, рачињата, забите и телото)

3. За наводнување на растителниот свет

4. За гаснење на огновите

5. Кај животните служи за пиење и за живеење, тоа ги вклучува (изворите, потоците, реките, езерата, морињата и океаните)

Каква може да биде водата и кои се нејзините основни својства ги разработуваме низ главниот дел од активноста.

Сега земете една чаша, наполнете ја со вода и дајте ми на детето да ја вкуси, да ја допре и помириса.
Во меѓувреме поставувајте му прашања:

Дали има боја водата?

Каков е најзиниот мирис а каков е нејзиниот вкус?

Можеме ли да ја допреме со рачињата, дали е тврда или мека?

Низ прашањата и дадените одговори од страна на родителите детето ќе утврди дека водата нема боја, мирис, ниту вкус и дека е провидна.

Но, треба да се знае дека својствата водата ги менува зависно на кој начин човекот ја употребува.

Земете две чаши, наполнете ги со вода во едната ставете сол, а во другата бибер како на сликата.

Дајте му на детето да ги вкуси и помириса, солената ќе се увиди дека го променила вкусот а пак бојата останала непроменета.

Водата во која ставивме бибер станала нечиста и матна односно неупотреблива и штетна за пиење.

На сликата во едната чаша е растворена вреќичка чај а во другата лажичка шеќер. Дајте му на детето да ги испита.

Што заклучивте?

Водата во првата чаша е топла, има жолта боја и мирис на чај,а пак втората нема боја, но вкусот го променила сега е блага и не потсетува на сокче.

Водата може да се менува зависно од температурата.

На висока температура се загрева, а на ниска зазамрзнува и од течна се менува во тврда состојба како што е прикажано на следната слика.

Коцките мраз нека ги допре детето, асоцирајте го со снегот и зимата.

Земете една чаша со вода и растворете му на детето цедевита или др.сокче, нека ви каже што се случило со водата и кои се сега својствата на сокчето.

Со реализација на оваа активност кај детето ќе се стекнат знаења за водата која е дар од природата, која ни дава живот и дека без неа неможеме да си го замислиме животот.

Низ овие активности се збогатуваат сетилните искуства кај децата интересот и љубопитноста.

Се надеваме дека ви се допадна денешната активност која веруваме ќе остави траги во знаењето кај децата.