Велигденска честитка

Велигденска честитка

 

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка а во пресрет на големиот христијански празник Велигден, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА

Цели на оваа активност се:

  • стекнување спретност за правилно користење на ликовен материјал,
  • развивање на работно-хигиенски навики при користење на водени боички,
  • оспособување за контролирано движење на раката и отпечатување на однапред одреденото (печатење со прсти).

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • апликација зајче,
  • водени боички,
  • лист за цртање.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 2 до 3 години.

Од понудените слики подолу, можете да одберете кое зајаче да му го нацртате на Вашете дете. Нацртаната или отпечатена сликичка зајче ставете ја на средината на бел лист и потоа на детето дај те му водени боички и охрабрете го и поттикнувајте го да слика околу самата сликичка без да ја трга сликичката, на слободниот простор од листот. Детето слободно си ги бира боите со кои ќе слика.

На следните слики видите како треба да изгледа Велигденската честитка направена од вредните раце на Вашите деца.

Кога ќе заврши со сликањето се трга апликацијата. Откога ќе се исуши се лепи памукче за опавчето на зајко.

  • По завршување на овие активности поттикнете го вашето дете да го опише својот труд,
  • Имитативна игра „Имитација на зајче“.

 

Преку денешнава активност ќе овозможиме да ја поттикнеме децката креативност, посветеност, истрајност и љубопитност.
Се надевам дека ви се допадна нашиот избор за денеска.

Следете ги нашите објави и направете му го денот исполнителен на Вашето дете.