Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
УКРАСНО ВЕЛИГДЕНСКО ЗАЈЧЕ
Цели на оваа активност се:
- Оспособување на децата за користење на различен ликовен материјал како и вежбање на фината моторика преку користење на ножички и сечење запазувајќи ја контурата на предметот на сечење.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Тврд картон,
- контура од зајче на бел лист хартија,
- лепило,
- четка,
- украсни светки,
- ножички.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.
Претставување на потребните материјали за изработка на украсното зајче на децата како и постапката и начинот на неговата изработка.
Дозволете децата самостојно да ја исечат контурата од зајче на бел лист хартија при тоа настојувајте децата максимално да ја запазат контурната линија.
Потоа со помош на лепило залепите ја исечената контура на тврд картон и повторно исечете по контура но овој пат вие затоа што картонот е премногу тврд за да можат децата да го исечат и откако оваа постапка се заврши дозволете децата да ја премачкаат целата контура со лепило
Откако контурата ќе ја премачкаат со лепило децата ќе прскаат украсни светки врз истата се додека не ја прекријат целосно со светки.
Со самото исправање на украсното зајче вишокот на светки ќе падне а ќе останат само залепените светки. Зајчето се остава да се исуши.
Со реализација на оваа активност децата ја усовршуваат фината моторика односно користењето на ножичките како и сечењето запазувајќи ги контурните линии. Оваа активност исто така има за цел да ги развие социјалните вештини децата во интеракција со возрасни.