Претставници од воспитниот кадар на Градинката “11 Октомври”-Бутел ( Објект Бутел 1) во периодот од 20.04-23.04.2023 во Кладово Р.Србија учествуваа на Меѓународната стручна конференција на тема “Живот во градинка-искуства, учења и различни перспективи”. Трудот “Музиката го прави животот шарен” кој беше работен неколку месеци од целиот воспитен кадар во РЕ Бутел 1 и стручниот тим заедно со дечињата од 3-6 годишна возраст имаше успешна презентација од претставниците на градинката. Размената и збогатувањето на искуствата од областа на предучилишното образование со земјите од соседството се одличен мотив и стручно усовршување на воспитниот кадар.