Твориме како големите уметници

Твориме како големите уметници

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, денес ја обработуваме темата со наслов:

ТВОРИМЕ КАКО ГОЛЕМИТЕ УМЕТНИЦИ

Делата на големите уметници нудат на децата практични активности за истражување на стилови и техники. Малите деца треба да создадат сопствени уметнички дела користејки техники или материјал што ја одразува работата на големите уметници. Акцент ставивме на истражувањето, откривањето и детската креативност но и на развој на смислата за убавото, т.с . естетиката во предучилишниот период. Станува збор за уметничко изразување со директно набудување на уметнички дела.

Активностите се базираа врз основа на набљудување на делата на следните автори:

  • Пит Мондријан (Композиција во квадрати),
  • Енди Ворхол (наместо икони со брендови копија на детски ликови),
  • Василиј Кандински (Квадрати со концентрични кругови),
  • Ван Гог ( Сончогледи),
  • Жорж Пјер Сера (поентлизам-нанесување на бои во точки),
  • Џексон Полог (Акција за сликање).

Максималната вредност на ваквите уметнички активности лежи во работниот процес. Надворешна сличност помеѓу уметничкото дело и работата на децата може да се види во сите финални производи.Ги привлекува овој вид на работа со уметнички дела и се истрајни во активностите. Со апстрактни уметнички дела, можеби беа дополнително привлечени од разиграните начин на работа. Посебно значајно е развојот на визуелната писменост, просторната концепција и креативното размислување.

Со детските трудовови беше реализирана изложба по повод празникот 8 март каде што родителите имаа можност да ја проследат изложбата но воедно да ја проследат и ликовната работилница со деца на тема „Акција за сликање“. И двете беа реализирани во надворешниот простор на градинката.