Творечка Игра „Продавница“

Творечка Игра „Продавница“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ТВОРЕЧКА ИГРА „ПРОДАВНИЦА“

Цел на активноста

  • Стекнување на социјално искуство и сознанија за другите деца преку играње на нивните улоги.

Потребни материјали:

  • пластични играчки – (овошје, зеленчук),
  • кошнички за пазарче,
  • пари,
  • импровизирано пазарче.

Активноста може да ја реализирате со вашето дете кое е на возраст од 4-6 години.
– Започнувате разговор со детето за одењето во продавница. Разговарате за продавницата што има таму? Кој работи во продавница? Како изгледа?

– На вашите дечиња направете им една импровизирана продавница која ќе има повеке работи: овошје, зеленчук и други производи кои ги имате во вашиот дом. (играчки на детето).

– Со друго другарче, братче или сестриче децата ја играат играта „Продавниц“. На која едното дете е купувач, а другото е продавач. Потоа децата ги менуваат улогите.

Играта трае додека има интерес кај дечињата

Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите/нашите деца.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.