Трчаме Околу Нашите Улици

Трчаме Околу Нашите Улици

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ТРЧАМЕ ОКОЛУ НАШИТЕ УЛИЦИ

Цел на активноста

  • Детето опишува и набројува што има по и околу улиците од неговата непосредна близина.
  • Запознавање со основните правила за движење по тротоар, препознавање на ленти за движење на велосипеди и ленти за луѓе.
  • Одржување на рамнотежа на тело при одење и трчање.

Потребен материјал:

  • Илустрации од улици,
  • Бел лист,
  • лепак,
  • ножички,
  • водени бои,
  • четка.

Со децата ќе разговараме за улицата. Како изгледа една улица,боја, лентите по средината (што означуваат тие), потоа белите ленти кај што се поминува улицата односно пешачкиот премин, тротоарите, лентите на тротоарите, ознаките кои ни покажуваат каде се движат велосипеди, а каде пешаци. Ќе им покажеме и илустрации од истите.

Безбедни места за движење на велосипеди-велосипедска патека.

Пешачки премин за луѓе- зебра.

Патеки за трчање

Боење на улица.

 

На децата ќе им дадеме бел лист.

Истиот ќе треба да го обојат целиот црн со помош на водени боички и четка.

Откако ќе се исуши црната подлога на неа децата нека залепат претходно исечени бели лентички од обичен бел лист и истите тие ќе го претставуваат коловозот.

Трчаме околу нашите улици.

Одвојте време и со вашите дечиња направете обиколка низ уличките во вашата непосредна околина.Обиколката нека биде проследена со умерено темпо на трчање кое ќе можат да го следат и вашите дечиња. Искористете го овој момент за рекреација и посочувајте им ги на децата сообраќајните правила кои треба да ги почитуваат.

УЧИМЕ НИЗ ИГРА!

Се надеваме дека понудените активности ви се допаднаа.