Топла Облека- СС “Капутчето На Мими“

Топла Облека- СС “Капутчето На Мими“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ТОПЛА ОБЛЕКА- СС “КАПУТЧЕТО НА МИМИ“

Цел на активноста

  • Препознавање ма информациите, идеите, настаните во облик сличен на оној кој го слушнале;
  • ефикасно и сигурно цртање на шари со различна дебелина на фломастери;
  • креативност во декорирањето на облеката.

Потребни материјали:

  • СС “ Капутчето на Мими “
  • готови форми ( капутче )
  • фломастери со различна дебелина
  • боички

Заедно со вашето дете разгледајте ја дадената слика и водите разговор за топла облека која ја носиме во есенските и зимските денови.

На детето прочитајте му го текстот од СС “ Капутчето на Мими“ , а потоа разговартајте за содржината на приказната , детето дава одговори на поставените прашања.

Доколку сте во можност испечатете готова форма – капутче, или нацртајте капутче , детето самостојно со боички да го обои , а потоа со фломастери со различна дебелина да го декорира со различни шари.

Со реализација на оваа активност кај децата се развива љубопитноста и креативноста ,децата ги проширија своите сознанија за топла облека .

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.