Објект “Ташко Караџа -2 “ е лоциран на улицата Радишанска, б.б. во населбата Радишани. Објектот е со капацитет од 180 деца, корисна површина од 2200 м2 и дворна површина од 4000 м2. Овој објект располага со 9 занимални со спални и санитарни јазли, една сала, 3 канцеларии, една соба за здраствен персонал, една тријажа, 2 чајни кујни, една котлара, една перална – пеглара, 4 санитарни јазли за возрасни. Објектот е на сопствено парно греење со нафта. Во склоп на овој објект е и проширениот дел кој располага со: 5 занимални со санитарни јазли, чајна кујна, една соба за здраствен персонал, една канцеларија, еден тоалет за возрасни, ходник, приемен дел. Објектот е со капацитет од 120 деца. Во најава е опремување на сензорна соба.
- локација: ул. Радишанска б.б.
- населба: Радишани
- внатрешна површина: 2.200 м2
- дворна површина: 4.000 м2
- вкупна површина: 6.200 м2
Внатрешниот простор ги задоволува стандардите за успешно изведување на воспитно-образовниот процес. Станува збор за негувана и стимулирачка средина која им помага на децата да се развијат во сигурни и независни личности. Во занималните постојат катчиња или центри за активност како тематски структуриран простор кои нуди можност да децата учат на најразлични начини и ги реализираат индивидуалните и групни цели на учење: литературен центар; математички центар; центар за игри со конструктивен материјал; научен/истражувачки центар; уметнички центар; центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави; центар за изложување на детски творби.
Градинките поседуваат дворна површина која е добро одржувана и се користи за остварување на програмските содржини но и за игра и рекреација на децата.
Градинката нуди целодневен и полудневен престој на деца.
Целодневен престој e од 6.00 – 18,00 часот и го следи следниот ориентациониот распоред на денот :
- прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)
- утринска гимнастика
- појадок
- реализација на дневно планирање
- ужина
- реализација на дневно планирање
- прошетки, набљудување и престој на воздух
- ручек
- попладневен одмор – спиење
- ужина
- реализација на дневно планирање
- слободни игри
- средување на занимална
- заминување на децата
Секоја возраст има свој ориентационен распоред на денот
Полудневен престој е од 6,00 – 13,00 часот и ориентационо го има следниот распоред:
прием на децата и слободни активности
- утринска гимнастика
- појадок
- реализација на дневно планирање
- ужина
- реализација на дневно планирање
- прошетки , набљудување и престој на воздух
- ручек
- заминување на децата