Светскиот ден на здравјето 7-ми април се одбележа во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Дечињата со голем интерес и радост ги проследија едукативните предавања од страна на нашите поканети гости (лекари, медицински сестри, заболекари), а истовремено се збогатија нивните знаења за професијата на здравствените работници и значењето на истата.
