Шумски животни

Шумски животни

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ШУМСКИ ЖИВОТНИ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање со шумските животни, именување, нивни карактеристики, исхрана, живеалиште.

Стандарди:

  • Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет.
  • Детето може да научи нови работи и стекне нови искуства.
  • Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности.

Активноста ја започнувате со разговор,какви видови животни постојат набројувате: домашни, шумски, диви, поларни, тропски. Денес ќе ги изучуваме шумските животни. Кога почнуваме разговор за шумските животни треба да знаеме дека шумите и шумските предели се нивните живеалишта и дека тие живеат во природата и не се припитомени од човекот. Шумата е заедница на шумски дрвја, други пониски растенија и шумски животни. Можете да ги прашате кои шумски животни ги познаваат и набројат? Планините се дом на многу различни видови животни како што се: волк, лисица, лав, елен, срна, мечка, зајак, дива свиња, рис, видра, верверица, еж, јазовец и др. Можете да се служите со слики, илустрации, детска литература, сложувалки со шумски животни.

Активноста ја завршувате со имитирање на животните (јадење, пиење, спиење, чистење, одмарање, движење, трчање, напаѓа, лови) или предлог слушање на инструментална музика „Карневал на животните“ од Камил Сент Санс. Доколку сте во можност на исцртани контури или готови испечатени животни дај те им да бојат- животно кое сакам да бидам.

Се надевам ви се допадна денешната активност.