Објект „Страшо Пинџур“ – Бутел 1

Објект „Страшо Пинџур“ – Бутел 1

Објект “Страшо Пинџур “ се наоѓа на улицата Натанаил Кучевишки, б.б. во населбата Бутел 1. Објектот е со капацитет од 100 деца и располага со 8 занимални од кои 3 се спални, 1 канцеларија, 1 административна канцеларија, една соба за хаусмајстор, еден тоалет за возрасни, 2 тоалета за деца, 1 соба за изолација, 1 чајна кујна една котлара. Објектот е на сопствено парно греење.

  • локација: ул. Натанаил Кучевишки б.б.
  • населба: Бутел 1
  • внатрешна површина: 640 м2
  • дворна површина:3.190 м2
  • вкупна површина:3.830 м2
  • Објектот располага со 5 занимални.

Внатрешниот простор ги задоволува стандардите за успешно изведување на воспитно-образовниот процес. Станува збор за негувана и стимулирачка средина која им помага на децата да се развијат во сигурни и независни личности. Во занималните постојат катчиња или центри за активност како тематски структуриран простор кои нуди можност да децата учат на најразлични начини и ги реализираат индивидуалните и групни цели на учење: литературен центар; математички центар; центар за игри со конструктивен материјал; научен/истражувачки центар; уметнички центар; центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави; центар за изложување на детски творби.
Градинките поседуваат дворна површина која е добро одржувана и се користи за остварување на програмските содржини но и за игра и рекреација на децата.

Градинката нуди целодневен и полудневен престој на деца.
Целодневен престој e од 6.00 – 18,00 часот и го следи следниот ориентациониот распоред на денот :

  • прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)
  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки, набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • попладневен одмор – спиење
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • слободни игри
  • средување на занимална
  • заминување на децата

Секоја возраст има свој ориентационен распоред на денот

Полудневен престој е од 6,00 – 13,00 часот и ориентационо го има следниот распоред:
прием на децата и слободни активности

  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки , набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • заминување на децата