Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
СТИХОТВОРБА „КАКО СЕ ПОЗДРАВУВАМ“
Цели на оваа активност се:
- Внимателно следење, реагирање, препознавање, слушање и обид за повторување на кратките стихотворби
- Учење на нови зборови
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Илустрации, слики и фотографии
За денешната активност во прилог Ви подготвивме две кратки стихотворби во контекст на насловот
– Се сретнаа денес Јованка и Владо си пружија раце си рекоа ЗДРАВО
– Наутро со добро утро секому се јавувам навечер со
Добро вечер секогаш поздравувам


ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА
