СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ЗА 2 И 3 ГОДИНИ

СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ЗА 2 И 3 ГОДИНИ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ЗА 2 И 3 ГОДИНИ

Цели на оваа активност се:

  • Стекнување на основни знаења за специјалните превозни возила, препознавање, именување, усогласување на карактерот на слухот, богатење на речникот и мисловниот процес.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Серија на слики. Ликовен материјал – водени акварел бои, бела хартија, четка, вода, колажна хартија, лепак ножички.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 2 до 3 години.

Според дадените слики на полициско, пожарникарско и амбулантно возило, разговарајте со детето и објаснете му ги видовите на возилата, за што служат и каква е нивната функција какви светлосни и звучни сигнализации имаат.

Доколку сте во можност пуштете му и аудио запис а потоа побарајте од детето да го имитира и препознае звукот на специјалното возило.

На бел лист нацртајте контура на возило нека биде по волја и желба на детето. Потоа преку демонстрација покажете му на своето дете како да ги користи водените бои, односно да ја обои – испечати зададената контура од специјалното возило.

Од колажна хартија исечете неколку форми пр. круг, коцка правоаголник од кои детето со ваша помош преку методот на објаснување и демонстрација ќе може да направи пожарникарско специјално возило.

Уживајте во заедничките активности и игри

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА