Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
Специјални сообраќајни превозни средства (возила со предност на минување)
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со видови специјални сообраќајни превозни средства,
- Стекнување на сознанија за постоење на специјални возила; нивна намена; нивниот изглед; и карактеристична звучна сигнализација,
- Однесување на луѓето и превозните средства во сообраќајот кога поминуваат специјалните возила.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.
Заедно со детето разгледајте ги сликите 01, 02 и 03 за специјални превозни средства и поттикнете го да ви ги именува, да ви кажува каде се движат.
Заедно со детето разгледајте ја и оваа слика 04 од сообраќајни превозни средства за специјална (посебна) намена и поттикнете го да ви ги именува, да ви кажува каква сигнализација имаат (звучна и светлосна) кој управува со нив.
Заедно, разгледувајте ги сликите 05, 06 и 07 и разговарајте со детето за овие професии и што гледа на сликата нека ви опишува.
За оние децата кои сакаат да знаат повеќе, за љубопитните, објаснете им дека брза помош, противпожарна и полиција имаат превозни средства не само на копно, туку и во воздух и во вода, за да можат секаде да стигнат и помогнат еве и неколку слики во прилог:
Заедно со детето направете од хартија, амбалажа или некој друг материјал, специјално превозно средство:брза помош, пожарна, полиција…
Детето нека црта и бои специјални превозни средства ако има потреба помогнете му, но делумно, поттикнете го самостојно да црта по своја замисла. Може и да обои цртеж.
Доколку имате стари сликовници и списанија со специјални сообраќајни превозни средства, исечете слика од специјално превозно средство на неколку дела – направете сложувалка (до 9 слики). Детето нека ги состави сликите правилно или нека си измисли свое специјално возило составувајќи разни делови.
Играјте подвижни игри: возиме брза помош, пожарна, полиција со гласовно имитирање на звучната сигнализација. Ставете им разни препреки кои треба да ги заобиколат или да се провлечат или да прескокнат. (внимавајте се да биде безбедно и наменето за неговата возраст).
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности, а Вашето дете стекна сознанија за сообраќајни превозни средства кои имаат првенство на премин – специјални возила на копно, во воздух и во вода. Колку се значајни овие возила за човекот и оклината и потребата да се пропуштат кога поминуваат давајќи светлосна и звучна сигнализација. Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Идеи за изработки