СООБРАЌАЈНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА ВО ВОЗДУХ

СООБРАЌАЈНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА ВО ВОЗДУХ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

СООБРАЌАЈНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА ВО ВОЗДУХ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање со сообраќајни превозни средства во воздух;
  • Именување и препознавање на сообраќајни превозни средства во воздух и кој управува со нив.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.

Заедно со детето разгледајте ги сликата 01, 02 и 03 од сообраќајни превозни средства во воздух и поттикнете го да ви ги именува, да ви кажува каде се движат и кој управува со нив.

Заедно разгледајте ја сликата 04 и поттикнете го детето да размисли и опише што гледа на неа.

Според сликата 05 поттикнете го детето да превитка авион од хартија. Доколку побара помош помогнете му делумно (помошта повеќе нека биде упатство како треба да превиткува. Самостојно направениот авион, детето нека го обои или декорира во разни форми со различни бои , по своја идеја и замисла. Нека направи повеќе авиони и нека ги фрла да види колку далеку летаат, кој авион ќе полета најдалеку…

Поттикнете го детето нека црта и бои превозни средства во воздух, со разен ликовен материјал по сопствена желба и замисла. Од стари сликовници или списанија исечете слика од превозно средство во воздух на неколку дела и направете сложувалка (најмногу до 9 слики). Детето нека ги состави правилно или нека си измисли свое превозно средство составувајќи разни делови.

Заедно со детето направете од хартија, амбалажа или некој друг материјал, превозно средство: авион, хеликоптер, ракета…
Играјте подвижни игри: летаме со авион, хеликоптер, ракета. Ставете им разни препреки кои треба да ги заобиколат или да се качат малку повисоко….(внимавајте се да биде безбедно за неговата возраст.

Со реализацијата на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај детето.
Кај детето ќе развиеме смисол за обликување со хартија- оригам техника (обликување со превиткување на хартијата).Ќе ги збогатиме и сензо – перцептивните искуства.

Со овие активности кај детето се развива упорноста и истрајноста а особено се развива и јакнее ситната мускулатура и моторика.

Се надеваме дека ќе уживате во заедничките активности, а Вашето дете ќе се стекне со знаење за сообраќајот во воздух и ќе развие вештини за превиткување на хартија – оригам техника.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА

Идеи за изработка