Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
Сообраќајни превозни средства во вода
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со сообраќајни превозни средства во вода;
- Именување и препознавање на сообраќајни превозни средства во вода и кој управува со нив.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.
Заедно со детето разгледајте ги сликата 01 и 02 од сообраќајни превозни средства во вода и поттикнете го да ви ги именува, да ви кажува каде се движат и кој управува со нив.
Заедно разгледајте ја сликата 03 и поттикнете го детето да размисли и опише што гледа на неа.
Според сликата 04 поттикнете го детето да превитка брод од хартија. Доколку побара помош помогнете му делумно (помошта повеќе нека биде упатство како треба да превиткува. Самостојно направениот брод детето нека го обои или декорира во разни форми со различни бои , по своја идеја и замисла. Бротчињата нека ги пушта да пловат во поголем сад наполнет со вода, во корито или када…
Според сликата 05 на листови хартија со различна боја (може да користите колаж хартија) нацртајте еден голем круг, три мали круга, три триаголника во разни големини и еден тенок но долг правоаголник.
Поттикнете го детето со ножички да ги исече и да ги залепи според дадената слика.
Помагајте му на детето доколку ви побара помош.
Поттикнете го детето нека црта и бои превозни средства во вода, со разен ликовен материјал по сопствена желба и замисла.
Од стари сликовници или списанија исечете слика од превозно средство на вода на неколку дела и направете сложувалка (најмногу до 9 слики). Детето нека ги состави правилно или нека си измисли свое превозно средство составувајќи разни делови.
Со реализацијата на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај детето.
Кај детето ќе развиеме смисол за обликување со хартија – оригам техника (обликување со превиткување на хартијата).
Ќе ги збогатиме и сензо – перцептивните искуства.
Со овие активности кај детето се развива упорноста и истрајноста а особено се развива и јакнее ситната мускулатура и моторика.
Се надеваме дека ќе уживате во заедничките активности, а Вашето дете ќе се стекне со знаење за сообраќајот во вода и ќе развие вештини за превиткување на хартија – оригам техника.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Идеи за изработки