Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
Сообраќајни превозни средства на копно
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со превозните средства на копно, и копнен сообраќај, развивање на ситната и крупна моторика, поттикнување на креативност, и инвентивност, правила на однесување во сообраќај, кои се учесници во сообраќајот стекнување на нови знаења.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Ликовен материја по желба (водени бои, фломастери),
- ролни од тоалетна хартија,
- лепило,
- празни амбалажи за реупотреба,
- картон,
- празни кутии,
- коцки.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.
Разговарајте со децата за техниката на печатење со дланка и стапало, објаснете им ја постапката односно текот на активноста се со цел успешна изработка на истата. Разговарајте со детето за превозни средства на копно, поттикнете го детето да размислува и да ви наброи неколку превозни средства на копно.
Разговарајте за семафорот и како тој функционира: застануваме кога е црвено светлото на семафорот, тргнуваме кога е зелено светлото. Кога сакаме да ја преминеме улицата секогаш преминуваме на пешачки премин, и важно е детето секогаш да се држи за рака со возрасен, само дете не треба да ја поминува улицата.
Со помош на слика или играчка запознајте го детето со превозно средство воз и дека возот се движи на шини. Поттикнете го детето да наброи кои превозни средства ги знае.
Еве идеа како да направите автомобил од хартија.
Потоа обидете се заедно на креативен начин да конструирате автомобил слика, автобус, крстосница, семафор, предлог идеја може да си подготвите јадење така што ќе искористите детали на темата, оставете го детето да ја употреби својата креативност, притоа забавувајќи се и наоѓајќи начин успешно да ја заврши зададената задача.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА