СОЦИЈАЛНА ИГРА СО КУКЛИ   “ДОБАР ДЕН ЈАС СЕ ВИКАМ”

СОЦИЈАЛНА ИГРА СО КУКЛИ “ДОБАР ДЕН ЈАС СЕ ВИКАМ”

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

СОЦИЈАЛНА ИГРА СО КУКЛИ “ДОБАР ДЕН ЈАС СЕ ВИКАМ”

Цели на оваа активност се:

  • Потикнување внимание,
  • следењето, прифакање и реагирање на вербалната и невербалната комуникација кај детето со возрасен

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Кукла, ЦД и ЦД плеер
  • Ликовен материјал: Фломастери, дрвени боици, контури од ликови, лепак и ножички

Оваа активност може да ја реализирате осмислувајќи мала куклена игра ,,Добар ден, јас се викам,,.

За оваа куклено-социјална игра ќе Ви биде потребна помош од кукла или плишан јунак од омилениот цртан филм. Со нејзина помош започнете ја куклената игра и отпочнете го краткиот разговор на запознавање со кажување на своето име, погалете го по глава своето дете и побарајте да Ви се претстави тоа самото да го каже своето име, колку години има, за оваа возрасна група доволни се и неколку потпрашања кои можеби и спонтано ќе произлезат од самата игра.

Поттикнете ја вашата креативност и заедно со децата направете или нацртајте мали кукли за прсти.

Нацртајте на секој прст по еден симболичен лик кој ќе го оживеете раскажувајќи приказна или едноставно преставувајќи се.

Исто така доколку сте вешти во цртање или поседувате принтер испечатете ја понудената макета на сл.бр.2 и обојте ги ликовите исечете ги по контура залепете, наредете ги на прстите и започнете ја играта. Додека раскажувате потикнувајте го детето на мисловен процес, побарајте од него да Ви ги покаже куклите на прстоци со едноставни и кратки прашања развијте интеракција во која детето бессомнено ќе се вклучи во играта воедно ќе биде поттикнато и на имитација.

За крај со куклата – главниот лик слушајте ги омилените песни играјте и пејте ги, забавувајќи се во заеднички квалитетното поминато време .

 

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА