Серија Слики „Дејан и Врапчето“

Серија Слики „Дејан и Врапчето“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

СЕРИЈА СЛИКИ „ДЕЈАН И ВРАПЧЕТО“

Цел на активноста

  • Сигурност,ефикасност,умешност во работата со конструкции
  • Планирање на сопствена активност,истрајност и покрај можните фрустрации
  • Развивање и јакнење на фината моторика кај децата
  • Оспособување за невербална комуникација како и збогатување на социјално искуство
  • Поттикнување на способноста за елементарно оценување и карактеристиките на главниот лик и вреднување на неговите постапки

Потребни материјали:

  • Серија слики „Дејан и врапчето“
  • Тетрапак амбалажа
  • Слама
  • Трошки од леб
  • Листови во боја
  • Ножички
  • Лепак
  • ЦД-плеер

Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.Направете го запознавањето наптиците интересно за децата, објаснете и дека треба да се грижиме за птиците во нашиот крај,да научиме секогаш да помагаме, да ги негуваме и хранеме птиците секогаш кога сме во можност да и фрлиме трошки од леб или ако сме во можност да и направиме и кукичка а тие ќе ни бидат многу благодарни за тоа.

Разговарајте со Вашето дете за птиците, каде одат птиците за време на ладните денови,кога тие се враќаат, излезете надвор со Вашето дете направете една прошетка и набљудувајте кои птици се останати во нашиот крај (врапче ,гулаб). Објаснете му на детето како изгледа врапче(покажете му) каква боја има и др.
Откако ќе завршите со разговорот раскажете му по серија слики една многу убава приказна која се вика „Дејан и врапчето“,а потоа разговарајте за ликовите од приказната и за нивните постапки.

Откако ќе завршите со приказната поттикнете го вашето дете да Ви ја раскаже и помогнете му заедно да направите кукички хранилки за врапчињата(потребни Ви се амбалажи од тетрапак кои ќе ги обвиткате со хартија во боја,ќе направите отвор и ќе ставите слама,направените кукички ставете ги надвор и ставете во нив трошки леб.)
Откако ќе завршите со активноститеможе да и пуштите на децата музика на цд плеер и заедно да пеете,пеење на песничката ,,Кап,кап‘‘.

Во прилог следат слики од предложената активност.

Секогаш сме тука за соработка со вас и вашите деца.
Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите деца.Во интерес на вашето дете е да ги следите нашите објави.

Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца,како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста. Детето се стекна со знаење за птиците кои остануваат во нашиот крај.

 

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.