СЕНЗОРНА СОБА

СЕНЗОРНА СОБА

Почитувани родители имам чест да ви соопштам:

ЈА ОТВОРИВМЕ НАШАТА СЕНЗОРНА СОБА!!!

Оваа сензорна соба е наменета за деца со атипичен развој, односно со развојни задоцнувања и се очекува да ја користат деца до 6 години како неопходна поддршка во раната интервенција кај специфичните развојни потреби. На почеток ќе се примаат деца од градинката „11 Октомври“ и со нив ќе работи постојниот стручен кадар, а со зголемување на бројот на стручните лица ќе се прошири и опсегот на деца.

Сензорната соба е простор опремен со разни стимулативни содржини кои се користат за да се обезбеди дополнително сензорно стимулирање на сите сетила. Освен основните сетила (вид, слух, вкус, мирис и допир), клучни се скриените сетила за рамнотежа т.е вестибуларно сетило и длабокото сетило т.е проприоцептивно сетило. Заедно со тактилното сетило, овие сетила се основа за здрав развој на детето.кај децата со посебни потреби, едноставно контролирајќи ги условите на животната средина, лесно се манипулира со зголемувањето или намалувањето на сетилните стимули и може да се фокусираме на едно сетило или можат да се работат / стимулираат две или повеќе сетила во исто време.

Секое дете има свој внатрешен порив кој го води во играта но понекогаш е потребно да ги насочиме децата во играта како би се создале адаптивни одговори. Суштината на сензорно-интегративната терапија е вешто структурирана игра која има терапевтски цели.

Терапијата се спроведува во специјализирани кабинети, опремени така да ги задоволува барањата на седумте наведени сетила. Кабинетот за сензорна интеграција е уреден на начин кој ги поттикнува децата на движење, игра и формирање адаптивни одговори кои водат до организација на сетилата во мозокот. Кабинетот за сензорна стимулација обезбдедува релаксација, визуелна стимулација и долготрајност на вниманието. Целта на отварање сензорна соба е да се одговори на потребите на децата со развојни нарушувања и аутизам, како и да се подобри квалитетот на живот на децата и нивните семејства.

Со почит,

Специјален едукатор и рехабилитатор – Ленче Крчаноска.