Семафорот И Куклата Марга

Семафорот И Куклата Марга

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

СЕМАФОРОТ И КУКЛАТА МАРГА

Цели на оваа активност се:

  • Воочување, покажување, именување на боите на семафорот и нивно поврзување со соодветно поведение.
  • Оспособување на детето за самостојност во ликовното изразување.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Литературен текст,
  • Илустрации,
  • Бел лист,
  • Молив,
  • Боички.

Со вашето дете разговарајте за сообраќајот и сообраќајните знаци. Објаснете му ја функцијата на семафорот, колку бои има, кои се тие бои и што означуваат. За автомобилите семафорот има три бои, а за пешаците две бои со нацртано човече.

На децата внимателно прочитајте им го литературниот текст “Семафорот и куклата Марга”. Потоа преку прашања проверете што запомниле и обидете се да направите драматизација (родител: семафор, дете: Марга или обратно).

Потоа на вашето дете подгответе му бел лист, моливче и боички и поттикнете го самостојно да нацрта семафор и да го обои.

Во прилог ќе Ви понудиме и неколку идеи како да изработите семафор со вашето дете:

Со реализација на оваа активност вашите деца ќе се стекнат со знаења за сообраќајот, почитувањето на сообраќајните знаци, правила и прописи во сообраќајот, како и препознавање на штетни и опасни ситуации во сообраќајот.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.