Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
СЕ ЗАПОЗНАВАМЕ СО УБАВИНИТЕ НА МОЈАТА ТАТКОВИНА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Цели на оваа активност се:
- Детето ги препознава и идентификува убавините на својата татковина.
- Поттикнување на развој на култура и национален идентитет,
- Запознавање со името на својата татковина, името на својот град и местата кои ги посетиле.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Ликовен материјал
- Бел лист хартија.
- Списание Росица.
- Игра -Патуваме со велосипед-земена од Росица.
- Слики од градови со обележја со кои лесно ги препознаваме.
- Коцка и човече од друштвени игри.
Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.
Направете го запознавањето на својот град и својата татковина на забавен начин и поттикнете го истражувањето и љубопитноста на детето и желбата и интересот за истражување кај детето.
Активноста започнете ја со разговор со Вашето дете за убавините на нашата татковина. Каде сте биле заедно? Што најмногу ви се допаднало? Каде би сакале пак да одите заедно?
Откако ќе завршите со разговорот понудете му на Вашето дете да си поиграте малку друштвени игри, каде преку игра учиме за градовите и нивните имиња,нивните убавини и нивните знаменитости по што се препознатливи тие градови.
Постапката за реализација на активноста „Патуваме со велосипед“, можете да ја погледнете на следниве слики:
Слика број 1- Презентација на играта
Запознавање со правила на играт а се игра како НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ-СЕ ФРЛА КОЦКА И СЕ ОДИ НАНАПРЕД (градовите претставуваат полиња). Кога се стигнува до слика на градот се препознава се кажува кој град е тоа.
Со оглед на возраста на децата потребана е Вашата помош.
Во прилог следат слики од предложената активност, разгледајте ги сликите и разговарајте за истите односно за кој град се работи и по што е препознатлив тој град.
Ви благодатиме за Вашиот интерес и посветеното време на Вашите деца.
Секогаш сме тука за соработка со вас и вашите деца.
Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите деца. Во интерес на вашето дете е да ги следите нашите објави.
Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца, како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.