САКАМ ДА БИДАМ ГОЛЕМ!

САКАМ ДА БИДАМ ГОЛЕМ!

Малите домашни театарски претстави со плишани играчки и со активно учество на детето, се одличен начин за решавање на разни проблеми и учење за правила на однесување, комуникација и социјализација на детето.

Дадете му на Вашето дете улога на возрасен кој треба да реши некој проблем и тоа може да Ви помогне да согледате како одредени ситуации изгледаат од детска перспектива.

Се прашувате како да биде името на Вашата прва домашна театарска претстава? Најлесното… “Сакам да бидам голем!”

За да може да се изведе една претстава, неопходно е да имате мал домашен театар.

Потребен материјал: картонска кутија, декоративна хартија, платно (или крпи) ножички и лепак за хартија.

  • Земете ја картонската кутија и направете отвор од едната страна.
  • Со декоративна хартија обложете го остатокот од мини театарот.
  • Платно или крпи кои не ги користите, ќе бидат Вашата театарска завеса!

Преку играта детето учи и ги развива своите физички, интелектуални, општествени и морални потенцијали.

Имитацијата на возрасните е омилена детска игра. За да може играта да тече, сите учесници мора да прифатат постоење на еден одреден замислен свет. Децата без никаков напор влегуваат во овие замислени светови во кои стануваат мајки, татковци, учителки, докторки, космонаути…

Дадете автономија на Вашето дете да ја креира својата игра.

Седнете и гледајте. Нека почне забавата!

Со почит,

Педагог – Светлана Тодорова