Во рамки на изложбата “Розови тигри и златни гуштери и што уште не”, Резиденцијата на ЕУ имаше несекојдневни посетители. Дечиња од нашата градинка “11 Октомври”-Бутел на претходната покана на амбасадорот Дејвид Гир беа гости во Резиденцијата на ЕУ и ја збогатија градината со своето весело присуство а изложбата ја надополнија со печати од природата. Прекрасно поминатиот ден се гледа на задоволните и насмеани детски ликови.
