Раното откривање на првите знаци на аутизам ќе му помогне на вашето дете да ја добие потребната помош да учи, да расте и да напредува.
Знаците и симптомите на аутизмот варираат многу, како и неговите ефекти. Некои деца со аутизам имаат само лесни нарушувања, додека други имаат повеќе пречки да се надминат. Сепак, секое дете од аутистичниот спектар има проблеми, барем до одреден степен, во следните три области:
- Вербално и невербално комуницирање;
- Воспоставување на комуникација со светот околу нив;
- Флексибилно размислување и однесување.
Постојат различни мислења меѓу лекарите, родителите и експертите за тоа што предизвикува аутизам и како најдобро да се лекува. Сепак, постои еден факт за кој сите се согласуваат: помага раната и интензивна интервенција.
Третманот може да ги намали ефектите на нарушувањето и да му помогне на вашето дете да напредува во животот.
Како родител, вие сте во најдобра позиција да забележите најрани предупредувачки знаци на аутизам. Вие го познавате вашето дете подобро од било кој и го набљудувате однесувањето и необичностите кои другите можеби немаат можност да ги видат.
Доколку забележите некои од наведените поведенија на сликата не прифаќајте пристап на чекање и гледање. Ризикувате да изгубите драгоцено време на возраст кога вашето дете има најголеми шанси за подобрување. Исто така во прилог имате прашалник за родители кој може да ви помогне во раното откривање на првите знаци за аутизам.
Специјален едукатор и рехабилитатор,
Ленче Крчаноска
-
Преземи прашалник за родители