Протокол за родители

Протокол за родители

ВРЗ ОСНОВА НА ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ПО УКИНУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

П Р О Т О К О Л

ЗА РОДИТЕЛИ

  1. Родителот/старателот пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да потпише изјава дека е запознаен со Протоколот за активности во установата за згрижување и воспитание на децата по укинување на вонредната состојба, донесен од страна на Влада на Република Северна Македонија;
  2. Родителите/старателите пред повторно да го вклучат детето во градинката потребно е да достават потврда од работодавачот дека работните задачи задолжително мора да ги извршува на работното место, без можност за работа од дома;
  3. Родителот/старателот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете;
  4. Доколку родителите/старателите немаат потпишано и доставено изјава со потребните потврди, детето нема да биде згрижено;
  5. Родителите/старателите при носење на децата во градинката задолжително да имаат заштитна маска;
  6. Децата не носат заштитна маска;
  7. Прием на децата во градинката е до 8:30 часот;
  8. Поради одржување на пропишаната физичка дистанца, Ве молиме да го почитувате утврденото време за носење на детето во градинката, согласно времето наведено во Вашата изјавата;
  9. Родителите/старателите да ја почитуваат обележаната просторна дистанца при предавање и земање на детето;
  10. Носење и земање на детето од градинката да го врши само едно од двете наведени лица во Вашата изјава;
  11. Родителот/старателот задолжително да почека пред влезот додека да се измери температура на детето, дури потоа да си замине;
  12. Доколку детето при прием во градинката има зголемена температура, веднаш ќе биде вратено;
  13. Пижамите за спиење и другата потребна резервна облека за детето (памперс, гаќички, маица и др.), родителот/старателот да ги донесе во петок;
  14. Доколку родителот/старателот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, кашлање, отежнато дишење, повраќање, пролив и др.) да не го носи детето во градинката, да се консултира со лекар и веднаш да го извести воспитувачот;
  15. Доколку детето е отсутно поради било кои здравствени причини, при повторно доаѓање на детето во градинката потребно е родителот/старателот да донесе нова лекарска потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето;
  16. Согласно пропишаниот број на деца во воспитна група со Оперативниот план за активности во установата за згрижување и воспитание на децата по укинување на вонредната состојба, донесен од страна на Владата на Р.С. Македонија, нагласуваме дека:
  • Доколку бројот на деца во воспитната група во која е запишано вашето дете го надмине пропишаниот број на деца во воспитна група, Вашето дете времено може да биде распоредено во друга воспитна група (не во својата), кај друг воспитувач и неговател;
  • Доколку бројот на деца во објектот во кој е запишано Вашето дете го надмине пропишаниот број на деца во воспитна група, ќе имате можност Вашето дете времено да биде сместено во друг објект согласно претходно потпишана изјава од Ваша страна.

ЈОУДГ „11 Октомври“, Бутел-Скопје