ВРЗ ОСНОВА НА ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ПО УКИНУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
П Р О Т О К О Л
ЗА РАБОТА НА ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ
- Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места;
- При влегување на вработените во установата задолжително мерење на температура со безконтактен термометар, од страна на задолжено лице и задолжително миење или дезинфекција на рацете;
- После мерење на температурата задолженото лице ги запишува добиените резултати во претходно изготвена табела;
- Забрането користење на мобилен телефон за време на работа. При доаѓање на работното место во објектот, вработениот е должен да го стави на нечујно својот мобилен телефон и да го остави во чанта. Доколку е потребно истиот може да го користи само за време на пауза и повторно да го врати на своето место.
- Секој вработен има обврска да го следи своето здравје и при било какви симптоми на болест да го извести одговорниот воспитувач и директорот и ако во тој момент е на работното место веднаш да го напушти;
- Секојдневно чистење и дезинфицирање на занимални, канцеларии, тоалети, ходници, трпезарија, соба за изолација и други помошни простории;
- Повеќе пати во текот на денот да се бришат подовите во објектот;
- Влезовите за прием и холовите да се бришат и дезинфицираат 3 пати дневно, после прием на децата, после влегување на децата од дворот и после испраќање на децата;
- Поставената бариера за дезинфекција да се менува 3 пати дневно, пред прием, после прием и пред испраќање на децата;
- Да се дезинфицираат сите површини кои што се користат почесто од повеќе лица (прекидачи, кваки на врати, рачки на прозори, шкафчиња за деца, чешми и умивалници, капак на wc шољи, рачки на казанчиња и др.) на секои 2 часа во текот на денот;
- Ѕвоната на влезните врати да се дезинфицираат задолжително после прием и испраќање на децата;
- Секојдневно чистење и дезинфицирање на сите занимални 2 пати дневно, исклучиво во период кога децата не се присутни во истите (пред доаѓање на децата, кога децата се во дворните површини и по нивното заминување);
- Усисување на занималните 2 пати дневно, по појадок или кога децата се во дворот и по нивното заминување);
- Да се бришат подовите во занималните пред доаѓање на децата, кога децата се во дворните површини и по нивното заминување;
- Секојдневно чистење и дезинфицирање на сите тоалети за деца 3 пати дневно, во период кога децата не се присутни во истите (кога децата се во занималната, кога спијат, после нивното заминување);
- Тоалетите кои се дел од занимални да се чистат и дезинфицираат 3 пати дневно, исклучиво во период кога децата не се присутни во истите (пр. кога децата се во дворните површини);
- Да се дезинфицираат сите маси и столови пред прием на децата и по нивното заминување;
- Креветчињата во јаслените групи да се дезинфицираат по заминување на децата;
- Нокширите во јаслените групи да се дезинфицираат после секое нивно користење;
- Еднаш/два пати неделно да се изврши дезинфекција на сите простории со UV лампи (согласно упатството за користење на истите);
- После извршување на секоја работна задача, вработените задолжително да се потпишат во табелите за чистење;
- Забрането е собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории, а за време на пауза да се почитува пропишаната физичка дистанца и да се избегнува контакт со други лица;
- Вработените вршат и други работи и работни задачи по наредба на одговорниот воспитувач.
ЈОУДГ „11 Октомври“, Бутел-Скопје