ВРЗ ОСНОВА НА ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ПО УКИНУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
П Р О Т О К О Л
ЗА РАБОТА НА ГЛАВНИ И ЧАЈНИ КУЈНИ
- Вработените задолжително да носат заштитни маски и ракавици на своите работни места;
- При влегување на вработените во установата задолжително мерење на температура со без контактен термометар од страна на задолжено лице и задолжително миење или дезинфекција на рацете;
- После мерење на температурата задолженото лице ги запишува добиените резултати во претходно изготвена табела;
- Забрането користење на мобилен телефон за време на работа. При доаѓање на работното место во објектот, вработениот е должен да го стави на нечујно својот мобилен телефон и да го остави во чанта. Доколку е потребно истиот може да го користи само за време на пауза и повторно да го врати на своето место.
- Секој вработен има обврска да го следи своето здравје и при било какви симптоми на болест да го извести одговорниот воспитувач и директорот и ако во тој момент е на работно место веднаш да го напушти;
- При прием на храна задолжителна дезинфекција на дланките и користење на ракавици и маска;
- Пред прием на храна задолжителна дезинфекција на количките за дистрибуција на истата;
- За доставување на храната на количка, до и од влезот на секоја занимална (без влегување во истата), е задолжена садомијачка;
- Зеленчукот и овошјето пред употреба задолжително да стојат во вода 30 минути, а потоа темелно да се измијат под млаз вода;
- Секојдневно чистење и дезинфицирање на просторијата (под, прозорци, ролетни, перваз, фрижидер, судопер, машина за миење на садови);
- Редовна дезинфекција на работните површини и ситниот инвентар по секоја употреба; Еднаш неделно вриење на сите користени садови;
- После извршување на секоја работна задача, вработените задолжително да се потпишат во табелите за чистење;
- Забрането е собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории, а за време на пауза да се почитува пропишаната физичка дистанца и да се избегнува контакт со други лица;
- Вработените вршат и други работи и работни задачи по наредба на одговорниот воспитувач.
ЈОУДГ „11 Октомври“, Бутел-Скопје