ВРЗ ОСНОВА НА ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ПО УКИНУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
П Р О Т О К О Л
ЗА ЛИЦА ОДГОВОРНИ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ХРАНА ОД ГЛАВНА КУЈНА ДО ДРУГИТЕ ОБЈЕКТИ
- Задолжително носење на лична заштитна опрема, маска и ракавици;
- При влегување на вработените во установата задолжително мерење температура со безконтактен термометар од страна на одговорно лице и задолжително миење или дезинфекција на рацете;
- Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти;
- Храната да биде доставена до влезот на кујната или влез на објект (во зависност од објект) и ставена на количка.
ЈОУДГ „11 Октомври“, Бутел-Скопје