Дечињата и вработените од сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел го одбележаа доаѓањето на пролетта. Низ песна, игра, драматизации и претстави проследени со многу детски насмевки и детски џагор се најави пролетта со сите нејзини убавини кои ја следат. Радоста и задоволството од сите одржани активности најдобро се гледа во детските очи кои се најдобрите плодови за воспитно-образовниот кадар.
