Во текот на воспитната 2023/2024 година во ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел се реализираа 4 (четири) проекти од страна на воспитниот кадар и децата од 2-3 години.
Во РЕ Чаир се реализираше проектот “Стави ја школката на уво да ја слушнеш тишината”.
Целта беше преку бајките и сликовниците за морињата и океаните, кои се мирни и тивки однадвор а богати во длабочините, да поттикнеме пријателство и интровертните деца да успеат во екстравертниот свет.
.
Во РЕ Бутел 1 се реализираше проектот “Со цветот поубав е светот”.
Целта беше распознавање и именување на пролетните цвеќиња. Преку изработка и подарување на цвет, кај детето да развиеме емпатија, љубопитност и инспирација за негување на позитивните човековите вредности како почит и пријателство.
Во РЕ Ташко Караџа се реализираше проектот “Создаваме спомени…традицијата-нашето минато, сегашност и иднина”.
Целта беше сензибилизирање на децата за откривање, доживување и усвојување (учење) на традицијата и традиционалните вредности во средината на која и припаѓаат.
Во РЕ Страшо Пинџур се реализираше проектот “Облеката некогаш и сега”.
Целта беше сензибилизирање на децата за откривање, доживување и усвојување на нови знаења за облеката која се носела некогаш и сега и тактилно доживување на материјалите од кои таа е направена.