ПРИКАЗНА „НАСМЕАНИОТ КИТ“

ПРИКАЗНА „НАСМЕАНИОТ КИТ“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ПРИКАЗНА „НАСМЕАНИОТ КИТ“

Цели на оваа активност се:

  • поттикнување на децата за активно слушање
  • внимателно слушање и разбирање на приказната
  • збогатување на детскиот речник, самостојно прераскажување

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • пластично шише
  • хартија во боја
  • сад со вода
  • цевки
  • серија слики
  • ножици.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.

Краток разговор со децата за воден сообраќај, именување, нивна намена и кој управува со нив.

  • брод, подморница, чамец, кајче, што гледаат на сликите.

Еден убав сончев ден, едно дете се спремило ја зело својата трска и отишло да лови риба, со своето чамче. Наеднаш здогледало големи бранови, тоа било китот.

Детето го замолило китот, додека лови да не му се смее зошто му прави бранови, кои му
пречеле во рибарењето.

Китот го послушал рибарчето и се одалечил, за да може мирно и спокојно да лови. Воедно му посакал и мирно море.

Рибарчето се вратило на копно со многу риби, кошничката му била преполна. Бил задоволен од уловот.

По завршување на прераскажувањето обидете се детето да одговори на неколку прашања, а потоа самостојно да ја прераскаже. Потикнете го детето да раскаже некоја случка, ако некогаш се возел на брод, кајче и сл.

Потоа заедно со вашето дете изработете чамче, каде ќе се поттикне љубопитноста, креативноста кај детето. Со оваа активност ќе се развие и јакне моториката кај детето, како и упорноста и истрајноста.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА