Превиткување на чамец

Превиткување на чамец

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

Превиткување на чамец

Цели на оваа активност се:

  • Развивање на чувство за обликување со материјал (хартија), кој се обвиткува со превиткување.
  • Збогатување на сензо-перцептивните искуства.
  • Поттикнување на развој – ориентација на делот во однос на целината при превиткување.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Бел лист или во боја,
  • Пластичен сад,
  • Вода.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.

Со децата започнете разговор за превозните средства кои се движат по вода, притоа задржете се на чамецот.

Разговарајте за тоа од што се изработуваат, нивниот изглед и начин на пловење (со помош на весларки).

Потоа поттикнете ги децата да ги раскажат сликите (десно) преку поставување на прашања (Што гледаат на фотографиите?, Како плови чамецот?, Со помош на што?, За што им служи чамецот на рибарите?…), но укажете им на тоа дека и пловењето со чамец претставува еден вид спорт и рекреација

Објаснете им на децата дека фигура на чамец може да се направи од најразличен материјал: пластика, дрво, глина, пластелин, хартија…

Со ваша помош поттикнете ги децата да обликуваат чамец со превиткување на хартија

Постапката на превиткување на чамец од хартија можете да ја видите на сликата од десно:

Откако ќе завршите со превиткувањата на децата подгответе им поголем сад со вода во кој ќе ги пуштат своите чамци да пловат.

Со реализација на оваа активност ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца, како и усовршување на моториката.

Се надеваме дека понудената активност Ви се допадна.