Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПРАВИМЕ ЗИМНИЦА
Цели на оваа активност се:
- Воочување на разликите помеѓу есенските зеленчукови плодови,
- интерес за учество во подготовка на зимница преку манипулација.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Зеленчук,
- потребен материјал за подготвување на зимница
За оваа активност а и во согласност со есенскиот тренд Ви предлагаме да го вклучите вашето дете и тоа да биде директен учесник во приготвување на зимницата. Ако до сега учевме со помош на сложувалки, цртежи и зеленчук од пластика време е да ја претвориме активноста во вистинска и реална. Овој предизвик за секое дете е прифатено со восхит. Додека приготвувате вклучете го детето во полесните и секако по безбедните подготовки, секако мора да внимаваме на нивната безбедност и заштита од повреди, па затоа дозволете му да го пребришува зеленчукот и да Ви го подава оној вид кој што ке му го побарате воедно и ги утврдувате знаењата.
Ви посакуваме лесно, вкусно и успешно приготвување на зимницата
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА