Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПРАВИМЕ ЗИМНИЦА
Цели на оваа активност се:
- Подготвка на детето за учество во домашните активности,
- подготовка за извршување на задачи од секојдневниот живот,
- поттикнување на самостојност, стекнување на нови знаења
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Сезонски зеленчук: црвени пиперки, краставици, лук, карфиол, морков
Започнете ја активноста со вашето дете преку разговор дека есента е годишно време каде што луѓето спремаат зимница. Објаснете го зборот зимница дека тогаш можеме да го јадеме зеленчукот што е складиран во теглички за во зима. Опишете му ја подговотвката за зимница чекор по чекор: бираме зеленчук, (именувајте го зеленчукот) потоа го миеме, па го ставаме во тегли итн. Охрабрете го детето да учествува во домашните активности за подговотвка на некој вид зимница кој ке биде Ваш заеднички избор. На овој начин детето ке ја развива самостојноста и сигурноста во себе низ практични активности од секојдневниот живот.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.