ПРАВИМЕ СЛАДОЛЕД

ПРАВИМЕ СЛАДОЛЕД

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ПРАВИМЕ СЛАДОЛЕД

Цели на оваа активност се:

  • да се оспособи за користење различни материјали, алатки, инструменти, предмети и други достапни ресурси за ликовно изразување на сопствените креативни идеи и чувства;
  • да се поттикнува кон разни видови креативност;
  • да се развива вештината за движења на прстите и дланката за конкретна цел;
  • да се развива способноста кај детето да превиткува хартија;

Стандарди:

  • Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности;
  • Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • бела хартија,
  • памук,
  • боички,
  • течно лепило,
  • декоративни украси,
  • шпатула;

Краток разговор за годишното време лето и омилениот десерт за децата во ова годишно време, објаснување на постапката како се прави сладолед.

Денес детето нека направи само свој сладолед од хартија и памук. Прво исечете триаголно парче од хартијата и обојте го во кафеава боја, а потоа помогнете му на детето да ја свитка хартијата како корнет. Залепете ги краевите.

Потоа од памук нека обликува топки. Нека става во корнетот од топките и нека ги украсува со најразлични декоративни украси – парченца хартија во боја, исечкани цевки, светки. Наместо памук, може да се употреби и пластелин или обична хартија која детето ќе ја стутка во облик на топка.
Може да направите и сладолед на стапче, за што ќе употребите хартија во боја и шпатула.

Детето нека украсува според својата креативност, нека сечка, лепи, украсува и нека си го направи својот омилен сладолед.

Со помош на овие активности се развива љубопитноста и креативноста кај детето. Како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.

Се надеваме дека ви се допадна денешната активност.

Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.