Правиме Хранилка За Птици

Правиме Хранилка За Птици

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ПРАВИМЕ ХРАНИЛКА ЗА ПТИЦИ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање со птиците кои остануваат преку зимата во нашите краеви (именување, опис , исхрана, живеалиште).
  • Збогатување на емотивно искуство преку развој на љубов и грижа кон пердувестите пријатели.
  • Превземање активно учество во активноати поврзани околу грижа за птиците,користејки ја својата креативност во секојдневни активности, водени преку пристап на учење и моторен развој ,на децата.
  • Користење на креативноста во секојдневните активности, водени преку пристап на учење и моторен развој на децата.

Потребни материјали:

  • Искористена амбалажа за млеко,
  • Семе,
  • Трошки,
  • Леб,
  • Врвка,
  • Лепак,
  • Ножици,
  • Стапчиња за сладелед.

Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.Напревете истражувањето на децета на забавен начин и поттикнете го истражувањето и љубопитноста на детето и желбата и интересот за истражување кај детето. Откриваат нов свет свет,на птиците.

Разговор со децата за птиците кои остануваат кај нас ,Промени во природата во есен и зима,-студени денови исполнети со студен ветер, дожд и снег во зима. Насочете го детското внимание кон грижа за птиците и како вие би можеле да им помогнете на птиците.
Предложете им на децата да изработат хранилка за птици.

Земете една празна тетрапак кутија со помош на ножици направете отвор каде ќе можете да ставите трошки од леб за птиците.Потоа украсете ја по ваша желба,кога хранилката ке биде готова залепете врвка каде ќе можете хранилката да ја закачите на вашиот балкон или на дрво.(Со оглед на возраста на децата потребна е ваша помош).
Во прилог следат слики од предложената активност

Ви благодатиме за Вашиот интерес и посветеното време на Вашите деца
Секогаш сме тука за соработка со вас и вашите деца.
Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите деца.Во интерес на вашето дете е да ги следите нашите објави.

Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца,како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.