Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПРАСКА
Цели на оваа активност се:
- Развивање на фината моторика кај децата
- Координација око-рака
- Развивање на сетилната перцепција
- Идентификување , препознавање, покажување и опишување на овошјето, стекнување сознанија за ползата од овошјето.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Дрвени боици
- Восочни боици
- Бел лист хартија
- Апликации
- Пластелин

Разговарајте со Вашето детето за овошјето кое зрее во лето, акцент ставете на праската, каде расте , на што расте, нејзините особини (изглед, форма, боја, вкус).
Разговарајте за начинот на консумирање на истата, свежа, во сок, компот, овошна салата и др. како и начинот на приготвување на истите.

Откако ќе завршиме со разговор и разгледување на сликите кои ви се дадени, поттикнете го Вашето дете да нацрта праска потоа да ја обои. (Детето прво ја црта праската на бела хартија, за да подоцна ја избои со дрвени, или восочни боички, користејќи црвена, жолта и портокалова боја .

По завршувањето на овие активности понудете му на Вашето дете да изработи праска од пластелин ( детето зима црвен и портокалов пластелин, ги меша заедно , и од него со помош на рачињата ја оформува праската ).

На крај можеме да научиме и песничка за праската:
Праска
Вистински мајстор
е тетка ми Васка
Да на прави слатко
Од кајсија и праска
И мајка ми знае,
Ама нека прости…
Слаткото го чува
Само за гости.
Со помош на овие активности се развива љубопитноста и креативноста кај детето. Како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.
Се надеваме дека ви се допадна денешната активност, а Вашето дете стекна сознанија за праската како овошје, едно од најомилените овошја кај децата.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.